📽️ ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА И УДРИЛ ВО ЗАШТИТНА ОГРАДА Загина 19 годишен велосипедист за време на првата етапа од трка
Младиот велосипедист бил пренесен во болница каде им подлегнал на повредите додека властите ги истражуваат околностите на несреќата.
Деветнаесетгодишниот италијански велосипедист Самуеле Привитера почина во несреќен случај за време на првата етапа од трката Џиро дела Вале д’Аоста, потврди неговиот тим Хагенс Берман.
Привитера на спуст делница загубил контрола врз велосипедот и удрил во заштитната ограда, јавија денеска италијанските медиуми. Младиот велосипедист бил пренесен во болница каде им подлегнал на повредите додека властите ги истражуваат околностите на несреќата.
– Самуеле беше и секогаш ќе биде животот и личноста на овој тим. Овој тим отсекогаш бил мало семејство, а моменти како овој се незамисливи – изјави сопственикот на тимот Аксел Мерк.
Втората етапа од трката, која се одржува во долината Аоста во северна Италија, во близина на француската граница, е откажана.