САМО ЕДЕН ТРИК ЌЕ ГИ ИЗБРКА ОСИТЕ ОД ЛЕТНАТА ТРПЕЗА Во Тасос се намножија, причината се пожарите?

Трикот со кафето го користат локалните жители на островот. Дека трикот успева потврдиле гости на хотел во Гликади на Тасос.

784

Кафе запалено во фолија се покажало како добар трик против роевите оси и пчели што летово се појавиле на плажите на познатиот грчки остров Тасос, пишува Б92.

– Четврти пат летуваме на Тасос. Осите и пчелите отсекогаш биле присутни, но оваа година ги има значително повеќе. Штом ќе ја извадите храната, 20 од нив слетуваат во рок од две минути – вели српски турист и истакнува дека локалците потврдуваат дека никогаш порано не виделe толку многу инсекти.






Трикот со кафето го користат локалните жители на островот. Дека трикот успева потврдуваат гости на отел во Гликади.

Но, зошто годинава се зголеми бројот на оси и пчели на островот? Експертите имаат неколку теории.

Како прва причина ги наведуваат зголемените температурите во последните години и сушата која прави билките да овенат, па оттука инсектите се вртат кон храната на луѓето.

Друга причина, според експертите, се пожарите кои во последните години беснеат во Грција. Билките се изгорени.

Но, исто така, летото и вообичаено е период кога инсеките бараат повеќе шеќер, а шеќерот неретко го има на трпезите.

Еден експерт истакнува:

„Доколку имате алергии или патувате со деца, размислете за преземање дополнителни заштитни мерки“.

Советите се јасни: избегнувајте парфеми и светли бои, користете природни репеленти и носете антихистаминик или авто-инјектор за адреналин за оние со сериозни алергии.

Поврзани содржини