📽️ ГОРИ ОСУМКАТНИЦА ВО ПАРИЗ Над 180 пожарникари се борат со огнената стихија

Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето биле брзо евакуирани. Шеесет противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот, соопшти противпожарната служба.

441

Голем пожар избувна денеска во осумкатна зграда во Париз, а околу 180 пожарникари се обидуваат да го стават пламенот под контрола, објавија француските медиуми.

Според првичните информации, никој не е повреден во пожарот, објави телевизиската станица Бфм.






Според градските власти, зградата е во изградба, а сите вработени на градилиштето биле брзо евакуирани. Шеесет противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот, соопшти противпожарната служба.

Според градската администрација, пожарот избувнал во зграда наречена „Месиже“ на улицата Шарол.

„Пожарникарите се на местото на настанот и се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Ве молиме да ја избегнувате оваа област“, соопштија градските власти. Членот на градскиот совет, Емануел Грегоар, им се заблагодари на пожарникарите и другите служби за итни случаи за нивниот брз одговор.

Грегоар, кој се кандидира за градоначалник на Париз, додаде дека пожарот избувнал во зграда во изградба. Зградата требало да биде завршена во октомври.

Поврзани содржини