НОВА ХОРОР СЦЕНА ВО ГАЗА За еден ден пристигнаа 120 тела во болниците

Во последните 24 часа во Газа се доставени 120 тела, додека од октомври лани бројот на жртви надминува 58 илјади – хуманитарната катастрофа се продлабочува секој ден.

257

Најмалку 120 тела се доставени во болниците во Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската енклава.

Во дневниот билтен е наведено и дека дополнителни 557 лица се повредени во истиот временски период, додека бројот на жртви од почетокот на војната континуирано расте.






Според официјалните податоци од палестинските власти, од 7 октомври 2023 година – кога милитантната група Хамас го нападна јужен Израел – убиени се најмалку 58.386 Палестинци, а 139.077 се повредени.

Ситуацијата дополнително ескалираше по 18 март, кога пропаднаа обидите за враќање на прекинот на огнот. Од тогаш досега, според Министерството, убиени се најмалку 7.568 луѓе, а 27.036 се повредени во израелските напади.

Од израелска страна, бројот на загинати во нападот на Хамас во 2023 година изнесува околу 1.200 лица, а дополнително се земени 251 заложник. Израел верува дека околу 50 од нив сè уште се живи и се држат во Газа.

Поврзани содржини