СПОРЕД РАДЕВ, МАКЕДОНИЈА САМАТА СЕ СТОПИРА НА ПАТОТ КОН ЕУ Ние чекаме да ги стави Бугарите во Уставот, вели тој
Сè уште чекаме Македонија да исполни јасно напишан услов, што би ја отворил вратата за почеток на преговорите. А тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја, преку нивно вклучување во Уставот, заедно со другите народи што формираат држава, рече Радев кој е во билатерална посета на Хрвастка.
Бугарија нема да се повлече од заштитата на правата на Бугарите во Македонија, рече денеска бугарскиот претседател Румен радев, кој е во официјална посета на Хрватска.
– Република Северна Македонија самата се забавува на патот кон Европската Унија, затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. Бугарија нема да се повлече од заштитата на правата на Бугарите што живеат кај нашиот југозападен сосед. Сè уште чекаме РС Македонија да исполни јасно напишан услов, што би ја отворил вратата за почеток на преговорите. А тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја, преку нивно вклучување во Уставот, заедно со другите народи што формираат држава – рече Радев, пренесе Бугарското национално радио.
Претседателот Радев уверува дека Бугарија не поставува никакви нови услови за Македонија надвор од веќе договорените.
– Ние инсистираме да се почитува сè што е договорено – рече Радев за време на прес-конференцијата со својот домаќин, хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ.