📷 БИЛ КЛИНТОН СЕ ПРОШЕТА ВО ЛОШИЊ Фотографите го препознаа по капата за сонце

Поранешниот американски лидер пристигнал во придружба на најблиските соработници и со дискретна полициска заштита, меѓу кои и локални полицајци, пишуваат хрватските медиуми.

4,378

Капата со симболот на Олимписките игри во Лос Анџелес го оддаде пред фотографите поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, кој вчера на пладне прошетал низ ривиерата на Мали Лошињ во Хрватска, јавија хрватските медиуми.

Поранешниот американски лидер пристигнал во придружба на најблиските соработници и со дискретна полициска заштита, меѓу кои и локални полицајци.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Otoci.net (@otocinet)

Клинтон уживал во прошетка по ривиерата и крајбрежјето Прико, штитејќи се од силното сонце со капа.

Американскиот дипломат, кој денес има 79 години, беше претседател на САД во два мандата, од 1993 до 2001 година.

По заминувањето од функцијата остана активен во меѓународната дипломатија.

Поврзани содржини