КОЛКУ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО ГО ЗАГРОЗИ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО? Предистрага за загадување на животната средина со отпадни материи

По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

82

Јавен обвинител од ОЈО Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи, соопшти Јавното обвинителство.

„Локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. Обезбедени се снимки од видео надзор кој се прегледува и се анализира. Увид извршија и инспекциски служби за животна средина, а во постапката се ангажираат и вешти лица од областа на екологијата. По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, а резултатите треба да бидат доставени до обвинителството“, соопшти Јавното обвинителство.






Прибавена е и целокупната документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за да се извршат разговори со лица, за да се утврди каков точно отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските прописи и дозволи за работа. се додава во соопштението.

„Двете лица кои по пожарот нападнаа новинарска екипа и натаму се во притвор во постапка и за кривично дело Спречување на службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти ЈО.

Поврзани содржини