НЕ МУ ДАВАЈТЕ ВНИМАНИЕ, ТОА Е КАКО ГЛУШЕЦ ДА ГО ЗАДЕВА ЛАВОТ Мицкоски одговори на провокацијата од шефот на бугарската дипломатија

Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставете го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се“, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот, одговори кусо премиерот Христијан Мицкоски.

4,169

На провокациите на бугарскиот премиер Георг Георгиев не треба да им се обрнува внимание зашто Георгиев „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“, како кога „глушецот го задева лавот“.

Вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.






– Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставете го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се“, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот – одговори кусо Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

Поврзани содржини