232 МОТОЦИКЛИСТИ КАЗНЕТИ САМО 6 ЧАСА Полицијата ги откри најчестите прекршоци, не носеле кациги, возеле без дозволи

Полицијата одзеде мотоцикли поради истечени документи и предизвикување бучава, акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

191

Полицијата одзеде мотоцикли поради истечени документи и предизвикување бучава – акциските контроли продолжуваат и во наредните денови

Во рамки на засилените сообраќајни контроли, Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (09.07.2025), во периодот од 16:00 до 22:00 часот, е спроведена широка акциска контрола насочена кон прекршоците на возачите на мотоцикли на целата територија на Република Северна Македонија.






Во акцијата биле санкционирани вкупно 232 возачи, од кои:

– 97 возеле без заштитна кацига,

– 77 управувале мотоцикл без возачка дозвола,

– осум мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување прекумерна бучава.

Дополнително, казнети се и 164 други учесници во сообраќајот за различни прекршоци утврдени за време на контролата.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, со посебен фокус на безбедноста на моторциклистите, кои често се изложени на висок ризик во сообраќајот.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од Министерството.

Поврзани содржини