📽️ 📷 КИНА ГО ПОКАЖА СВОЈОТ АС ВО РАКАВОТ Борбениот авион „J-35A“ може да го смени балансот на моќта со САД
Нови снимки откриваат дека најновиот кинески стелт-авион „J-35A“ веќе е во воена служба, во време кога тензиите околу Тајван и Индо-пацифичкиот регион достигнуваат критично ниво.
Пекинг демонстрира моќ со новиот „J-35A“, кинески борбен авион од петтата генерација, кој според спецификациите претставува директна закана на американскиот „Ф-35“, во услови на растечка геополитичка напнатост околу Тајван.
Најновите снимки кои се појавија од територијата на Кина прикажуваат дека „J-35A“, новиот стелт-авион на кинеската армија, веќе активно се користи во воената служба. Веста доаѓа во момент кога САД сè поагресивно го пренасочуваат своето воено внимание кон Индо-пацифичкиот регион и можна конфронтација со Кина заради Тајван.
Овој авион е резултат на повеќегодишен развој во рамките на кинеската одбранбена индустрија. Првпат привлече внимание во јавноста во ноември 2024 година на еден од најголемите аеро-саеми, откако беше претставен поморскиот модел „J-35“ дизајниран за користење од носачи на авиони.
China’s 5th generation J-35A stealth jet officially entered service with the PLAAF’s 1st Air Brigade, joining J-20s. pic.twitter.com/Ct2EuTdyve
— Clash Report (@clashreport) July 7, 2025
„J-35A“ е дел од најмодерната генерација на борбени летала, петта генерација, и е опремен со најнови сензори, авионика и стелт-технологија, дизајниран да биде „невидлив“ за непријателски радарски системи. Неговата примарна задача е да пробива воздушни одбрани, да елиминира цели со прецизност и да оперира во копнени и морски мисии.
Кинеските државни медиуми го претставуваат „J-35A“ како „порасновиден и поефикасен“ од веќе познатиот „J-20“, кој досега се сметаше за најмоќниот стелт авион во кинескиот арсенал.
A formation of Chinese J-16D Electronic Warfare (EW) aircraft, J-20 Stealth Air Superiority Fighters, and J-35A Stealth Multirole Fighters flying over Beijing. pic.twitter.com/pYuBXCxv14
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) July 7, 2025
Се чини дека новиот модел е одговор на американскиот „Ф-35“, кој според „Lockheed Martin“ е „најсмртоносниот борбен авион на светот“. Разликата е што додека САД го извезуваат „Ф-35“ на своите сојузници, нивниот елитен „Ф-22“ останува достапен само за американската армија.
Сега и Кина, со „J-20“ и „J-35A“, влегува во клубот на нации што имаат повеќе оперативни стелт-летала. Двете суперсили веќе работат на развој на идната, шестта генерација на борбени авиони, кои ќе бидат уште потешки за откривање, со подобрена автоматика и пософистицирано оружје.