ТРАМП ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ ДО 1 АВГУСТ Земјите кои не потпишале нови договори ќе се соочат со високи царини

Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува утре.

676

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август.

Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува утре.






Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25% за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор.

Во писмата се наведува дека сите царини што ги воведуваат други земји ќе бидат додадени на веќе постоечката американска царина од 25%.

„Ако од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, тогаш без оглед на износот што ќе одлучите да го зголемите, тоа ќе биде додадено на 25-те проценти што ги наплаќаме“, напиша Трамп во писмата до Јапонија и Јужна Кореја објавени на неговата платформа Truth Social.

Тој објави 14 писма со повисоки царини и тоа: од 40% за Мјанмар и Лаос, 36% за Камбоџа и Тајланд, 35% за Бангладеш и Србија, 32% за Индонезија, 30% за Босна и Херцеговина и Јужноафриканска Република и по 25% за Тунис, Малезија и Казахстан.

 

Поврзани содржини