ОСМАНИ РАЗМИСЛУВА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧАИР Вели дека во ДУИ веќе се разговара за тоа

352

Размислувам, веќе се разговара за тоа во партијата. Чаир е многу важна општина за ДУИ и за Европскиот фронт, меѓутоа сега сум во фаза на слушање на граѓаните, на соседите, на луѓето од маало, дали би влегле во еден таков потфат.

Ова го изјави потпретседателот на ДУИ и поранешен министер, Бујар Османи, во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, прашан дали ќе се кандидира за градоначалник на Општината Чаир на претстојните локални избори.






– Постојат анкети кои се прават во моментов и тие се добри за мене, што значи дека граѓаните даваат поддршка за еден таков заеднички потфат . Сепак, мене лично ми е важно да седнам лице в лице со нив и да видам дали би влегле во широка коалиција за Чаир, бидејќи овие локални избори имаат повеќе импликации отколку само општинските прашања – рече Османи.

Поврзани содржини