ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ 400 ПОЖАРНИКАРИ НА ЈАВЕН ПОВИК Владата проактивно работи на проблемот со пожарите

Секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари, информираше портпаролката на Владата. Пријавувањето ќе се одвива транспарентно преку Јавен повик, кој ќе биде објавен од страна на општините.

425

Владата ќе вработи 400 лица како нова мерка за намалување на ризикот од пожари и сите оние кои ќе покажат интерес ќе бидат трајно ангажириани, најави портпролката на Владата Марија Митева на заедничка прес-конференција со директорот на Дирекцијата за спасување и заштита и со директорката на ЗЕЛС.

– Оваа мерка има двоен ефект, социјален и еколошки. Од една страна, обезбедуваме приход и вклучување на невработени лица, со што даваме конкретна поддршка на ранливи категории граѓани, односно на навработени. Од друга страна, создадовме функционален и одржлив систем на заштита од пожари, кој е предвидено да опфати 14 општини низ државата- општини каде имаме територијални противпожарни единици – вели Митева.






Секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари, информираше портпаролката. Пријавувањето ќе се одвива транспарентно преку Јавен повик, кој ќе биде објавен од страна на општините.

– Секое лице кое што се чувствува подготвено и мотивирано да даде придонес во оваа заедничка мисија, ќе може да аплицира со поднесување на пријава и апликација. Локалните самоуправи во овој случај ќе имаат активна улога во спроведувањето, затоа што борбата против пожарите е одговорност што ја споделуваме, од централно, до најлокално ниво – истакна Митева.

Портпаролката вели дека овој нов пристап на Владата значи дека нема повеќе пасивно, туку активно спречување хаварии и навремена интервенција.

– Секоја расчистена патека, секој спасен човечки живот, ќе биде доказ дека оваа мерка е мерка која прави разлика – вели Митева за мерката која е опфатена со оперативниот план за вработување: „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“.

Поврзани содржини