ДВЕ ТЕШКИ АВТОБУСКИ НЕСРЕЌИ – СУДИР ВО ГРЦИЈА, ПРЕВРТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА Над 50 повредени во одделни инциденти на европските патишта

Несреќата во Грција се случила додека двата автобуси се движеле еден зад друг во близина на автобуска постојка, а поголемиот дел од патниците биле млади кои оделе на плажа. Инцидентот доаѓа во контекст на поразителни податоци за сообраќајната безбедност во Грција – земјата е седма најлошо рангирана во ЕУ според бројот на жртви во сообраќајки, со стапка што е дури 31% над европскиот просек.

387

Вкупно 32 лица се повредени, од кои тројца потешко, во судир на 2 автобуса на атинскиот јавен превоз во приморското предградие Вула.

Несреќата се случила во близина на автобуска постојка, додека автобусите се движеле еден зад друг. Поголем дел од патниците биле млади кои се упатувале на плажите во областа Атика.






Грчкиот министер за здравство, Адонис Георгиадис, изјави за ТВ „Скај“ дека ниеден од повредените не е во животна опасност.

Грција е меѓу земјите со највисок број на жртви во сообраќајни несреќи во Европската Унија, покажува ново истражување, а бројките се далеку над просекот на ЕУ, објави Грик рипортер.

Според податоците од студијата, Грција е на 7-то најлошо место меѓу 27-те земји-членки на Европската Унија според бројот на загинати во сообраќајки – 59,6 смртни случаи на милион жители. Просекот на ЕУ изнесува 45,5 смртни случаи на милион, што значи дека стапката за Грција е за 31% над просекот.

Излетан автобус на „Фликсбус“ во Германија – над 20 повредени

Во северна Германија, повеќе од 20 лица се повредени откако патнички автобус на „Фликсбус“, кој сообраќал на релација Копенхаген–Виена, утрово излетал од автопатот и се превртел.

Несреќата се случила кај градот Рубел, на околу 140 километри северно од Берлин.

Спасувачките екипи извлекле едно лице со потешки повреди, а дел од автопатот е затворен за сообраќај.

Локалните власти го затворија за сообраќај делот од автопатот каде што се случи несреќата, а „Фликсбус“ соопшти дека соработува со сите потребни служби за да ја утврди причината за инцидентот.

Поврзани содржини