ПРЕСВРТ ЗА РАПЕРОТ ДИДИ, ЌЕ ИЗБЕГНЕ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Му се закануваат 20 години зад решетки за друго дело?

Иако не се сложија околу точката за сексуална изнуда, членовите на поротата биле едногласни дека Диди е виновен за сексуалната експлоатација преку транспорт. На раперот му се заканува затвор од 20 години за ова дело, иако избегна доживотен затвор откако падна обвинението за делото рекетирање и сексуална изнуда.

1,477

Шон Диди Комбс (55), славниот музички продуцент и бизнисмен, избегна доживотна казна откако беше прогласен за невин за заговор за рекетирање, но доби обвинение за транспорт на лица со цел проституција, дело кое може да го чини 20 години зад решетки, пишува „Волстрит Џурнал“.

Пресудата беше изречена по драматична седница на федералниот суд, каде што поротата, откако првично не можеше да постигне согласност, вчера повторно беше вратена на разгледување. Иако не се сложија околу точката за рекетирање, членовите на поротата биле едногласни дека Диди е виновен за сексуалната експлоатација преку транспорт.






Пред читањето на пресудата, раперот ги замоли присутните да се молат за неговото семејство – гест кој доби аплауз од присутните. Кога судот го ослободи од најтешката точка, Диди со благодарност кимна кон еден од поротниците, склопи раце во молитва и со рацете мавташе кон судот, изразувајќи благодарност.

Обвинителството го товареше раперот за водење мрежа за сексуална експлоатација и изнуда, тврдејќи дека зад сјајот на музичката индустрија се криела организирана шема на злоупотреба. Доказите за рекетирање, сепак, не ги убедија поротниците.

Присутен во судницата бил и Канје Вест, кој влезе ненадејно за да му даде поддршка на својот колега, но избегна да одговори на новинарски прашања.

Поврзани содржини