📷 ВТОР ДЕН БЕСНЕЕ ПОЖАРОТ КАЈ ВАЛАНДОВСКО ГРЧИШТЕ Повредени се двајца вработени во ЈП „Македонски шуми“

Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот Фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро.

176

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, сè уште не е ставен под контрола.

Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот Фејсбук профил, пожарот има четири критични точки и тие се покриени од рано наутро.






„За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП ‘Македонски шуми’, при што на едниот му беше дадена кислородна поддршка, а другиот беше пратен во Општа болница Струмица за понатамошна помош. Во текот на денешниот ден приоритет е заштитата на селата Марвинци и Балинци и секако после тоа се останато“, објави Михаилов.

Додаде дека денеска четири подружници на „Македонски шуми“ ќе пратат уште 25 работници со возила и соодветна опрема, кои ќе се приклучат на екипити за гаснење на пожарот.

Инаку, според утринската информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), покрај пожарот меѓу селата Грчиште и Марвинци, во овој регион има пожар и во Општина Богданци, на потегот од браната Паљурци до Богданци, каде гори ниска вегетација и грмушки.

Поврзани содржини