🎥 ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО СТИГНА ДО КУЌИТЕ ВО НАСЕЛБАТА Сомнеж за подметнување, ЦУК бара итни мерки

На терен се распоредени противпожарни тимови од Град Скопје со 3 возила и со неколку пожарникари, а дополнително е побарана поддршка со нови сили за да се спречи натамошното ширење на огнената стихија.

1,879

Пожарот во близина на хотелот „Њу Стар“ повторно се активира, откако огнот се пренесе од дивата депонија во скопската населба Шуто Оризари – Визбегово. Пожарот бргу се прошири и стигна до првите куќи во населбата.

Запалена е сува трева и деградирана ниска вегетација на неколку локации околу хотелот.






На терен се распоредени противпожарни тимови од Град Скопје со 3 возила и со неколку пожарникари, а дополнително е побарана поддршка со нови сили за да се спречи натамошното ширење на огнената стихија.

Пожарот, кој избувна на 28 јуни, веќе двапати беше гасен од пожарникарите, но повторно се појави, при што густ чад се издигнува над Визбегово, а огнот се приближи до првите куќи.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и до Општина Шуто Оризари, предупредувајќи на сериозна опасност и на можно намерно предизвикување на пожарот.

ЦУК бара итно ангажирање на обезбедување што ќе ја надгледува локацијата и ќе реагира при обиди за ново палење. Дополнително, предлага депонијата да се покрие со инертен материјал – шут или земја – за да се спречи повторно ширење, како и засилен инспекциски надзор за спречување на фрлање отпад.

„Неопходно е институциите веднаш да преземат мерки за заштита на здравјето на населението и на животната средина“, порачуваат од ЦУК.

Поврзани содржини