Зборувај паметно со будала…

Зашто, она, да простите, ужасно глупаво обраќање во Собранието ( на Венко Филипче) – очигледно поддржувано од сите во таа секта – дека владејачката партија уште од 2022 година „создала хистерија“ (sic!) во однос на целиот преговарачки пакет со еу, дека тврдела дека „може да се смени нашата позиција во рамки на Преговарачката рамка“, дека не успеало ни ветувањето за „уставни измени со одложено дејство“ итн., итн., па сега се обидува да предизвика „некаква сатисфакција кај граѓаните, дека нешто се прави, дека може да се направи… но ништо од тоа не се случува “, треба да нѐ убеди дека мораме да го прифатиме целиот самоубиствено неизвесен пакет што ни го подметнуваат „Микрон“, тетка Урсула и Софија?

477

Не си придавам такво значење дека Венко Филипче, наводниот шеф на куќниот совет што денес ја глуми политичката партија некогаш викана сдсм (малите букви се…), ги чита моите текстови, но последното негово „шоу“ во Собранието е директен одговор на мојата дилема од минатиот пат: зарем некој би можел да одбере зло во најчиста форма викана еу (малите букви се…) сосе бугарија (малите букви се реален одраз на наејзините политики во однос на Македонија) во неа, да седне на иста маса со полуписмен пробисвет кој сака јазикот да ѝ го нарече „модерен“ а народот „сегашен“…? И тоа да го смета за некаков напредок, за добро за државата?

Зашто, она, да простите, ужасно глупаво обраќање во Собранието – очигледно поддржувано од сите во таа секта – дека владејачката партија уште од 2022 година „создала хистерија“ (sic!) во однос на целиот преговарачки пакет со еу, дека тврдела дека „може да се смени нашата позиција во рамки на Преговарачката рамка“, дека не успеало ни ветувањето за „уставни измени со одложено дејство“ итн., итн., па сега се обидува да предизвика „некаква сатисфакција кај граѓаните, дека нешто се прави, дека може да се направи… но ништо од тоа не се случува “, треба да нѐ убеди дека мораме да го прифатиме целиот самоубиствено неизвесен пакет што ни го подметнуваат „Микрон“, тетка Урсула и Софија? Извинете, но поинаков заклучок од сите тие нафрлени глупости не може да произлезе.






И дали навистина „создадената хистерија“ беше непотреба? Зашто, да немаше гласови против, тие мазно ќе тргнеа со главата во ѕид! И зарем и денес, после сѐ, никој таму не може да ги постави коцкичките нормално, разумно? Или некој друг им ги поставува? И кој е тој?

Целата оваа шарлатанска конструкција очигледно има за цел да ни ја подгрее тезата дека оваа влада треба да биде виновна што не успеала да ги поправи сите нивни будалаштини создавани полни седум години и да ги измие рацете на врхушката на нивната коруптивно-криминогена коалиција Што пак уште еднаш потврдува дека навистина во раководството на тој куќен совет, но и во целата налудничава секта, нема ниту еден рационален глас што јавно би потсетил на нештата што досега се случуваа, но и би се посомневал во чесноста на бугарскиот притисок. Па уште колку аргументи им требаат? И зарем „модерниот“ македонски јазик на „сегашните“ Македонци малку им говори за тоа што следува?

И зарем навистина толку бргу ја заборавија новата декларација на бугарскиот Парламент од мај годинава, каде прецизно се вели дека покрај познатите флоскули „Бугарите во Устав“ и заштитата на нивните права, тие ни за милиметар не отстапуваат од исполнувањето и на сѐ друго договорено од 2022 година? И зарем не прочитале дека „Секакви обиди во рамките на форматите и институциите на ЕС да се предоговорат, заобиколат или пренебрегнат елементи од постигнатите договори се неприфатливи“ (БГНЕС: „Всякакви опити в рамките на форматите и институциите на ЕС да се предоговорят, заобиколят или пренебрегнат елементи от постигнатите договорености, са неприемливи“). И толку бргу ли заборавиле што сѐ стои во Договорот и протоколите? И не читаат ли што велат водечките бугарски политичари по „тази впрос“? На пример Борисов: „Настојуваме договорот за добрососедство со Северна Македонија да се почитува“ („Настояваме договорът за добросъседство със Северна Македония да се спазва“), Желјазков: „Европскиот совет стриктно ќе го почитува Францускиот предлог при преговорите со РСМ“ („Европейският съвет стриктно ще спазва Френското предложение при преговорите с РСМ“), Плевнелиев и др.?

И имаат ли воопшто појма што сѐ треба да прави Македонија за да ги исполни вековните „влажни сништа“ на Софија, а меѓу другото и некаков Акциски план за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата или заедниците, којшто ќе го придружува Патоказот за владеење на правото и чиешто исполнување ќе се следи во текот на целиот преговарачки процес? И уште колку понижувања се подготвени да прифатат од бугарија (малите букви се…) којашто априори не признава постоење на Македонци не само кај нив туку воопшто?

И зарем не им е срам Орбан и Вучиќ – како што посочува „демократот“ Плевнелиев – да бидат „непријателите на бугарија“ и да ги застапуваат правата на Македонија, а Филипче и неговата булумента да развиваат срдечно-љубовни врски со нив?! И кои и какви се тие интереси што ги држат така сплотени? Кога тоа навистина би била љубовта кон онаа и онаква еу, но колку би требале да бидеме наивни за да веруваме во тоа?

Затоа, впрочем, Еврипид вели дека ако зборуваш паметно со будала, тој ќе те нарече – будала. Затоа, впрочем, и некои други умни луѓе велат дека само одреден тип поединци така настојчиво се држат до одредени лични „вистини“ и сериозно мислат дека со своите глупости ни чинат некаква услуга или сугерираат решение за општо добро, дека се поинтелигентни од нас па дури и дека се некаков „божји дар“. Како што веднаш после Филипче се појавија познатите „аналитичари“ со тезите дека идентитетот не се добивал или губел во европскиот парламент, дека таму ништо страшно не се случувало, ама и дека дури и не вредело да се објаснува… Но тука попрво станува збор за нешто друго: или работат на некакви и нечии валкани агенди или си имаат сериозен психолошки проблем. Ако намерно го исклучиме првото, иако не трајно, тогаш останува психолошкиот профил кој говори многу, особено кога сите нивни „тези“ реалноста ги демантира на краток рок. Но тие опстојуваат, дури и кога јавноста отворено ги прозива. Па и Еврипид!

Но, тогаш (повторно) доаѓаме до неговата спомната „формула“: зборувај паметно со будала и тој ќе те нарече тебе – будала! И ова ни се случува речиси секојдневно, не само со процесот на евроинтеграциите и „Бугарите во Устав“ туку и со секакви други налудничави „совети“ и „тези“ на овој тип луѓе кои отворено – дали и намерно? – внесуваат смут во јавноста, мислат дека ѝ нанесуваат штета на власта којашто не е по нивен ќеф, а сите останати се токму будали кои говорат бесмислици! И оваа „формула“ се провлекува речиси цели три децении, од осамостојувањето до денес, достигнувајќи го врвот со овие бугарски глупости!

Претходно тоа беа: самостојноста на државата вон прегратката на екс-Југославија на Анте Марковиќ, а потоа и „кратката“ Ју на Милошевиќ; таканаречениот мултикултурализам којшто де факто наметна биетничка држава ама сите се прават наудрени дека тоа не го гледаат „за да не си ја сечеме гранката на која седиме“; па „проблемот“ викан ВМРО – историско и современо (со додавка) – кое упорно се прогласува за националистичка, па дури и терористичка опција; па потоа дојдоа нато и еу (малите букви се…) кои станаа национална светост иако токму тоа нато се претвори – ако веќе и не беше – токму терористичка организација а еу профашистичко легло итн.

Од друга страна, ако го погледнете профилот на тие луѓе, ќе видите дека со децении тие и нивните семејства мудруваат врз грбот на народот и државата, еден дел се оние соцреалистички остатоци на некогашни „општествени работници“ денес преоблечени во новинари (квази)демократи, потоа цела сурија универзитетски „професори“ без ниту еден валиден доказ за нивната стручност освен партиската припадност, па некогашни кумровечки јуноши сега наводни големи бизнисмени и политичари итн. И сите со „заслуги“, дел партиски дел полтронско-семејни. Од другата страна се наредени партиските ешалони на безработници и полуписмени пробисвети кои во партијата гледаат и татко и мајка, а најчесто – сигурно вработување во државната администрација, по можност до пензија.

И сите, како што вели Берни Сандерс, повеќе „би сакале да бидат капетани на Титаник кој тоне, отколку да го сменат курсот“!

Поврзани содржини