📷 ИВАНКА ТРАМП ПОДГОТВЕНА ЗА СВАДБАТА НА ГОДИНАТА СЕ ОГЛАСИ ОД ВЕНЕЦИЈА „Ја славиме љубовта на нашите пријатели Џеф и Лорен!“
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер веќе пристигнаа во Венеција за раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез.
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер веќе пристигнаа во Венеција за раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез. Тие беа првите ВИП гости што пристигнаа во Италија и го искористија времето да го разгледаат градот со своите деца.
View this post on Instagram
Иванка сега се пофали на своите профили на Инстаграм и Фејсбук со облеката што ја носеше за првата од трите прослави. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп облекла светкаво розов мини фустан, додека нејзиниот сопруг се одлучил за класичен темен костум.
Но и да им упати честитки на Безос и Санчез. Покрај идиличните фотографии, Иванка напиша: „Подготвени да ја прославиме љубовната приказна на нашите пријатели Џеф Безос и Лорен Санчез.“
View this post on Instagram
Џеф Безос и Лорен Санчез наскоро ќе го кажат судбоносното „да“, и тоа во бенедиктинската црква од 16 век на островот Сан Џорџо. Церемонијата е закажана за 27 јуни, но прославата ќе трае повеќе денови.
Освен Иванка Трамп, само кремот на Холивуд беше на списокот на гости. Леонардо Дикаприо со девојката Виторија Черети, Опра Винфри, Том Брејди и Орландо Блум пристигнаа денеска, како и Ким Кардашијан, Клои Кардашијан, Кендал Џенер, Кајли Џенер и нивната мајка Крис Џенер.