ТРИ ЗА ПЕДЕСЕТ ДЕНАРИ! Тиквичките се занемарен зеленчук кој делува како превенција за 3 хронични болести
Освен што се најевтина намирница во летниот период, тиквичките се навистина разновидни во употребата, имаат малку калории, а многу здравствени придобивки. Нутриционистите откриваат зошто треба да ги јадеме секој ден
Во нашата земја, најчеста е светло зелената сорта тиквички, додека жолтата и темно зелената се консумираат повеќе низ целиот свет. Колку и да не се вашиот омилен зеленчук, имајте на ум дека тиквичките се неверојатно здрави и корисни за организмот.
Тие се сезонски, летен зеленчук, а ботанички се всушност овошје – летна тиква од семејството Cucurbitaceae, заедно со дињите и краставиците. Освен тоа, тие се навистина најевтините намирници периодов. На пазарите обично три тиквички се продаваат за само педесет денари.
Тиквичките се богати со вода, влакна, витамини… Тие се нискокалорична храна со висока содржина на витамин А, а во 225 грама варени тиквички, просечната количина на витамини и минерали задоволува до 20 проценти од препорачаните дневни количини.
Тиквичките се богати со антиоксиданти (како што се витамин Ц и полифеноли) кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок, намалувањето на холестеролот и заштитата на крвните садови. Витаминот А влијае на имунитетот и го подобрува видот, а ако консумираме тиквички секој ден, ќе внесеме до 40 проценти од препорачаните дневни количини на овој витамин.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.