СЕ БАРА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ ЗА ТАТКОТО КОЈ МАЛТРЕТИРАШЕ ЌЕРКА Обвинителството вели дека прибрало докази

Tаткото потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди, набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие, се вели во соопштението на ОЈО во врска со случајот.

82

Јавен обвинител предложи продолжување на притворот за таткото кој ја малтретираше 4-годишната ќерка во скопско Драчево. Во соопштение на Основното јавно обвинителство се вели дека е поднесено обвинение за случајот и дека се прибрани сите докази.

OJO вели дека е побарано продолжување на притворот за лицето бидејќи сè уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело






Таткото е обвинет дека телесно ја повредил својата малолетна ќерка родена во 2021 година.

„Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие“.

Предлогот за продолжување на притворот за таткото е поднесен заедно со обвинението.

Поврзани содржини