ИЗГРАДБАТА НА ХЕЦ ЧЕБРЕН ЌЕ ЧИНИ 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Државата треба да одлучи дали ќе ја гради сама

Министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска вели дека е најубаво Чебрен е да биде наш, македонски, но треба да се договориме колку финансии ни се потребни веднаш бидејќи тоа е проект кој ќе се гради осум години. Да видоме што значи тоа финансиски за нас, дали ќе биде 100% наш или јавно-приватно партнерство.

204

Чебрен ќе стане факт, тоа е потврда дека секој мегават од таа брана што ќе се гради ќе биде чекор кон нашата енергетска независност, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството.

Таа најави дека за многу кратко време ќе се знае како ќе се реализира проектот за хидроцентралата за која досега имаше 14 неуспешни тендери, целосно од страна на државата или со јавно-приватно партнерство. Износот на инвестицијата е минимум милијарда евра, а се проценува дека ќе достигне милијарда и 300 милиони евра.






– Препораката на експертите од работната група за Чебрен и Галиште беше дека проектот треба да е наш, во државна сопственост. Сега проверуваме колку тоа би чинело, минимумот е милијарда евра, бројката достигнува до милијарда и триста милиони евра. Буџетот знаете каков ни е, имаме повеќе опции, ќе видиме што е најисплатливо за нас како држава бидејќи милијарда и 300 милиони не е мала бројка. Најубаво е да биде наш, македонски, но треба да се договориме колку финансии ни се потребни веднаш бидејќи тоа е проект кој ќе се гради осум години. Да видоме што значи тоа финансиски за нас, дали ќе биде 100% наш или јавно-приватно партнерство што ќе го знаме се надевам за многу кратко време –  рече Божиновска.

Поврзани содржини