СДСМ ШИРИ БРУТАЛНА ЛАГА Не е набавен софтвер за прислушување, туку за форензика, категорична е ВМРО-ДПМНЕ

104

Наводите на СДСМ дека е набавен софтвер за прислушкување во МВР се невистина и брутална лага, реагираше ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска СДСМ обвни дека во мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.

„Очекуваме СДСм да се извини. Софтверите се набавуваат за системот за форензика кој е набавен од СДСМ кога тие биле на власт. Многу добро СДСМ знае дека инсинуациите од денешниот прес им се целосна измислица, но жално е како мислат дека го лажат народот. Да потсетиме дека СДСМ е партија која многупати до сега е осудена за клевети и партија која нена никаков проблем да лаже и клевети за да растура пердуви“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ на денешната пре-конференција рече дека МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.

– Ова се скандалозни и загрижувачки информации. Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење?  Ќе се прислушкува ли повторно „на големо” и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи – е одговорот што го побара опозициската партија.
Поврзани содржини