„ТИЕ СИ ЗНААТ, ГОЛЕМИ СЕ“ Русија нема да се меша во спорот меѓу Трамп и Маск
Според Политико, Трамп и неговите соработници навестиле можна деескалација на тензиите со Маск.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија нема намера да се меша во спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и најбогатиот човек во светот Илон Маск.
– Овој конфликт е внатрешна работа на САД. Нема да се мешаме ниту да коментираме – рече Песков на прес-конференција, додавајќи дека е уверен оти Трамп ќе ја реши ситуацијата.
Според Политико, Трамп и неговите соработници навестиле можна деескалација на тензиите со Маск.
Во интервју за Политико, Трамп изјави дека не е загрижен за несогласувањата и дека „сè е во ред“. Белата куќа соопшти дека за денеска е закажан телефонски разговор меѓу Трамп и Маск во обид да ги решат несогласувањата.