НЕ БАШ СЈАЕН ПОЧЕТОК ЗА НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА БРАЗИЛ Анчелоти ремизираше на првиот натпревар
Со освоениот бод, Бразил остана четвртопласиран во јужноамериканските квалификации на три кола пред крајот со 22 бодови, два помалку од Еквадор, кој е втор со 24 бодови. На Еквадор, кој е најголемото изненадување во квалификациите, претходно му беа одземени три бодови поради проблем со пасошот на еден од нивните играчи.
Во рамки на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, фудбалерите на Бразил синоќа во дебитантскиот натпревар на селекторската клупа на Карло Анчелоти ремизираа без голови на гостински терен против Еквадор.
Со освоениот бод, Бразил остана четвртопласиран во јужноамериканските квалификации на три кола пред крајот со 22 бодови, два помалку од Еквадор, кој е втор со 24 бодови. На Еквадор, кој е најголемото изненадување во квалификациите, претходно му беа одземени три бодови поради проблем со пасошот на еден од нивните играчи.
Аргентина е единствената јужноамериканска репрезентација која веќе го обезбеди своето место на Светското првенство. Актуелниот светски првак синоќа триумфираше над Чиле на гостински терен со 1-0 со голот на Хулијан Алварез (16 минута), лишувајќи ги Чилеанците од последната шанса да ги одржат живи надежите за пласман на Мундијалот. Светското првенство. Првата ѕвезда на аргентинската репрезентација, Лео Меси, влезе во игра во 57 минута.
Парагвај речиси сигурно ќе биде на Светското првенство откако вчера го победи Уругвај со 2-0 на домашен терен, со головите на Матијас Галарза и Хулио Енсисо од пенал, и сега е израмнет на третото место на табелата со Еквадор.