СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА И ВО ГРЦИЈА Луѓето скокале од прозорци, едно девојче загинало
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 километри во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC.
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го погоди западниот брег на Турција и грчкиот остров Родос, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Едно лице загина.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 километри во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC.
Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијук изјави дека 14-годишното девојче е хоспитализирано, но починало.
Тој додаде дека 69 лица се повредени откако скокнале од своите домови за време на земјотресот.
Не е регистрирана штета на зградите во самиот Мармарис.
– Нашите тимови за проценка на штетите продолжуваат со операциите на терен. Досега не е забележана никаква штета – рече министерот за урбанистичко планирање Мурат Курум.
Според грчките медиуми земјотресот бил особено почувствуван на Родос, а жителите излегле на улиците.
Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ рече „станува збор за земјотрес чија главна карактеристика е длабочината, која е 60 километри“ и затоа веројатно е главниот земјотрес и затоа бил почувствуван во поширокиот регион и во Турција, но „без значителни влијанија врз површината, нема да има цунами и, пред сè, нема да има силни последователни потреси“.
Префектот на јужниот дел од Егејското Море Јоргос Хаѕимаркос, исто така за ЕРТ, нагласи дека земјотресот бил силен и дека многу туристи кои се на островот се исплашиле и ги напуштиле хотелите.