НЕМА МЕСТО ЗА НЕЈМАР ВО ТИМОТ НА АНЧЕЛОТИ Италијанскиот стратег им се правдаше на Бразилците

На 26 мај Анчелоти беше промовиран како селектор на бразилската репрезентација. Шеесет и петгодишниот Италијанец ќе ги подготвува „Кариоките“ за Светското првенство во 2026 година. 

614

Селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти објасни зошто не го повикал во националниот тим фудбалерот на Сантос, Нејмар.

– Се обидов да изберам играчи кои се во добра форма. Нејмар неодамна имаше повреда. Сите знаат дека е многу важен играч и секогаш ќе биде. Во моментов имаме многу играчи кои се повредени и не можат да бидат повикани во репрезентацијата, како Нејмар, на пример. Во случајот со Нејмар, сметаме на него. Бразил смета на него. Тој се врати во Бразил за да игра и добро да се подготви за Светското првенство. Зборував со него за да ја објаснам мојата одлука. Целосно се согласува – изјави Анчелоти за „Marca“.






Претходно Анчелоти го именуваше составот на бразилската репрезентација за подготовка за квалификациските натпревари за СП 2026 против Еквадор и Парагвај.

На 26 мај Анчелоти беше промовиран како селектор на бразилската репрезентација. Шеесет и петгодишниот Италијанец ќе ги подготвува „Кариоките“ за Светското првенство во 2026 година.

Поврзани содржини