СУДАР НА ДВА АВТОБУСИ КАЈ СПЛИТ Дванаесет повредени, тројца со скршеници задржани во болница

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот А1, во правец на Загреб, во близина на излезот Вучевица. На местото на инцидентот веднаш интервенирале екипи на итна медицинска помош, полиција и пожарникари.

301

Дванаесет лица се полесно повредени во судар меѓу два автобуси што се случил попладнево на автопатот А1, во близина на излезот Вучевица, недалеку од Сплит, Хрватска.

Според информациите објавени од хрватскиот портал Индекс.хр, сите повредени се возрасни хрватски државјани кои се враќале од поклонение. По несреќата, тие биле пренесени во Клиничко-болничкиот центар во Сплит.






Од вкупно 12 пациенти кои се донесени во болницата, тројца имаат скршеници и се задржани на болничко лекување како мерка на претпазливост, додека останатите се пуштени на домашно лекување со полесни повреди.

Сообраќајната несреќа се случила на автопатот А1, во правец на Загреб, во близина на излезот Вучевица. На местото на инцидентот веднаш интервенирале екипи на итна медицинска помош, полиција и пожарникари.

Хрватската полиција спроведува увид и истрага за да се утврдат причините за несреќата.

Поврзани содржини