ПИЈАН ВОЗЕЛ ПО ШТИПСКИТЕ УЛИЦИ Фатен возач со 2.10 промили во крвата, полицијата го привела

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за безобѕирно управување со моторно возило.

318

44-годишниот Т.Н. од селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е приведен од страна на полицијата откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол со дури 2,10 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија од МВР, на 24 мај околу 12 часот на улицата Брегалничка во Штип, полициски службеници од СВР Штип сопреле патничко возило марка „Опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од Т.Н., и при извршената контрола било утврдено дека возачот е во алкохолизирана состојба.






„Лицето веднаш беше исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.

Случајот дополнително ќе се процесира по службена постапка.

Поврзани содржини