УКРАЛ ЕВРА И 10 ЛИТРИ РАКИЈА, ВРАТАТА БИЛА ОТВОРЕНА Велешанец имал помош од кавадарчанец во кражбата

Според полицискиот билтен, тие ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде што била пронајдена.

481

Кавадарчанец му помогнал на велешанец да влезе во домот на 55-годишник во Кавадарви и да украде 2.860 евра и 10 литри ракија, а потоа добил дел од парите, информира Министерството за внатрешни работи. Тој му кажал на велешанецот дека нема никој во домот и дека вратата е отворена.

Полицијата поднесе кривични пријави за 32-годишниот Џ.Н. од Велес и за 22-годишниот Ј.Ф. од Кавадарци.






Според полицискиот билтен, тие ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде што била пронајдена.

 

Поврзани содржини