БИЗНИСОТ БАРА 70% ОД РАБОТАТА НА НОВИТЕ ПРОЕКТИ Се бара да се врати и солидарниот данок

Претседателот на Комората Бранко Азески по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, рече дела компаниите се задоволни од работата на Владата иако има мислење дека некои од работите побавно се одвиваат.

84

Бизнисот да биде присутен со најмалку 70% од извршувањето на работите во новите проекти и инвестиции што ќе ги договора Македонија со Обединетото Кралство во рамки на стратешкото партнерство, бара Стопанската комора.

Како што рече денеска претседателот на Комората Бранко Азески по средбата со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, компаниите се задоволни од работата на Владата иако има мислење дека некои од работите побавно се одвиваат.






– Моментно, во оваа исклучително проблематична геополитичка ситуација, мора превентивно да се делува за да одговориме на сите предизвици. Бараме враќање на солидарниот данок, тука мислам на одлуката на Уставниот суд, како и во предизборието повторно да се покрене процесот на децентрализација – истакна Азески.

Меѓу темите на состанокот била и предвидливоста.

Поврзани содржини