ЗНАМ ПРЕДЛАГА ПОВИСОК ПРАГ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ДДВ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Движењето очекува поддршка од сите пратениците

Се предлага прагот за регистрација на ДДВ да се зголеми на 4 милиони денари, наместо досегашните 2 милиони денари.

47

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во Собранието поднесе Предлог закон за измени на Законот за додадена вредност со кои се предвидува зголемување на прагот за регистрација за ДДВ за регистрирани индивидуални земјоделци.

Со предлогот се менува  членот 51 во Законот за ДДВ во кој се менува прагот за регистрација на ДДВ од 2 на 4 милиони денари.






-Целта на оваа измена е директен одговор на реалниот живот на македонскиот земјоделец, во кој има зголемени трошоци за производство, зголемени цени на репроматеријални, како што е горивото, зголемени цени на ѓубрива, а и цената на финалниот производ е зголемена, но и да се намали сивата економија кај земјоделците – појасни  пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков кој рече дека со овие измени не се бара укинување на данокот за земјоделците.

Сето тоа, рече Цеков, придонесува законскиот праг од 2 милиони денари да го надминат уште во првите четири-пет месеци во годината.

– Потоа тие продаваат на рака односно во кеш или преку сметки на други лица, со што практично ја поттикнуваат сивата економија бидејќи ако го надминат прагот од 2 милиони денари тие би морале да станат даночни обврзници или правни субјекти, а со тоа ќе станат правни субјекти со трошоци за книговодство, пријави, завршни сметки и други дополнителни трошоци – рече Цеков.

Тој ги повика  сите политички партии да ја поддржат оваа законска измена што е во полза на,  како што рече, „човекот кој работи“.

– Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец затоа што се повеќе увезуваме храна – рече Цеков.

Поврзани содржини