СДСМ Е ПРОТИВ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА ГУВЕРНЕР За опозицијата тој е перјаница на Мицкоски против интересите на работниците

89

СДСМ соопшти дека остро ќе се спротивстави на предлогот Трајко Славески да биде избран за гувернер на Народната банка.

„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пион да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се ‘многу пари’. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.






Од опозицискиот СДСМ велат дека се длабоко разочарани од „полтронскиот однос“ на претседателката Горадна Сиљановска Давкоца.

„Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски“, се додава во реакцијата од СДСМ.

 

 

Поврзани содржини