ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА МЕЧОТ АЛКАЛОИД-АЕК Реваншот ќе се игра во недела во Скопје

Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари - соопшти ракометниот клуб „Алкалоид“.

184

Управата на Алкалоид денеска ги пушти во продажба билетите за реваншот со АЕК од финалето на Европскиот куп во ракомет.

– Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 20:30 часот се пуштени во продажба. Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари – соопшти ракометниот клуб „Алкалоид“.






Актуелниот освојувач на Купот на Македонија вчера, на првиот дуел од финалната пресметка победи во Атина со 29:25.

 

ОСТАНАВМЕ СМИРЕНИ И ЈА НАПРАВИВМЕ МАКЕДОНИЈА ГОРДА Лазаров им честиташе на ракометарите на Алкалоид за триумфот во Атина

Поврзани содржини