📷 ПАПАТА ДОБИ НЕОБИЧЕН ПОДАРОК ОД ЗЕЛЕНСКИ Која порака ја носи иконата насликана на кутија за муниција?

За многу народи ликот на мајка со дете е симбол на животот кој мора да се заштити. Денеска на папата Лав му подаривме посебна икона „Богородица со дете“, насликана на фрагмент од тешка артилериска кутија донесена од Изјум, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм, пренесува Униан.

277

Папата Лав доби на поклон икона насликана на дел од кутија со тешко артилериско оружје за време на кратката средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата, 18 мај. Зеленски и сопругата Олена присуствуваа на церемонијата на устоличувањето на новиот папа.

„За многу народи ликот на мајка со дете е симбол на животот кој мора да се заштити. Денеска на папата Лав му подаривме посебна икона „Богородица со дете“, насликана на фрагмент од тешка артилериска кутија донесена од Изјум“, напиша Зеленски на својот профил на Телеграм, пренесува Униан.

 






Како што објасни Зеленски, оваа икона е „за нашите деца, за оние кои настрадаа од војната, кои беа намерно киднапирани и депортирани од Русија и кои ги чекаме дома, во Украина“.

Украинскиот вели дека „се молиме за животите на сите наши депортирани деца и се надеваме на поддршка од Ватикан во ова прашање, така што сите – и децата и украинските затвореници – ќе се вратат дома“.

 

Поврзани содржини