📷 ИЗБЕРЕТЕ КОЈА ЈА САКАТЕ ОД ЧЕТИРИТЕ ПОБЕДИ ПРОТИВ РЕАЛ Ханси Флик откри кој му е најдрагиот момент откако дојде во Барселона
Одберете која сакате од овие четири победи над Реал Мадрид, одговори тренерот на Барселона запрашан за неговиот најдраг момент откако пристигна во тимот.
Барселона сезонава го победи Реал Мадрид на сите четири Ел Класико пресметки, а два од нив беа на финалните средби од Купот, односно Суперкупот на Шпанија. Сепак, и двете победи во првенството беа клучни за титулата во Ла Лига. Ханси Флик одбиваше премногу да ги коментира овие натпревари, но по победата над Еспањол го пецна вечниот ривал.
Германецот беше прашан кој е неговиот најдраг момент откако пристигна во Барселона, на што тој одговори покажувајќи четири прсти:
– Одберете која сакате од овие четири победи над Реал Мадрид.
What was your best game of the season?
Flick🗣️”Pick any of the 4 matches against Real Madrid” pic.twitter.com/uWMJ9gPHcQ
— BARCA STORIES (@barca_stories) May 15, 2025
Фудбалерите на Барселона на две кола пред крајот на првенството ја обезбедија титулата шпански првак откако во четвртокот го совладаа градскиот ривал Еспањол со 0-2, а управата на „блауграна“ веќе подготви план за летниот преоден рок.
Сепак, Барса мора да продава играчи за да ги избалансира трошоците со приходите на клубот и да го исполни правилото за финансиски фер-плеј. Каталонскиот клуб сака летово да доведе стопер, десен бек и десно крило, кое би го заменило талентираниот Ламин Јамал. Сепак, за да го постигнат тоа ќе мора да продадат неколку играчи, објавија британските медиуми повикувајќи се на шпански извори.
Повеќето од оние кои ќе се најдат на трансфер листата поминаа преку фудбалската академија на Барса Ла Масија, а тоа се Ансу Фати (22), Гави (22), Хектор Форт (18), Фермин Лопез (22) и голманот Инаки Пена (26). Исто така, Барселона повеќе не смета на Роналд Араухо (26) и Пау Виктор (23).