ГО ПРИНУДИЛА ДЕТЕТО ДА ПИТАЧИ НА ТАБАНОВЦЕ Кривична за 22-годишна мајка од Куманово за малтретирање
Според информациите од полицијата, пријавената ја злоупотребила својата родителска положба, па од користољубие и со грубо занемарување на должноста за грижа и воспитување, го запуштила своето дете и го наведувала да питачи.
22-годишната Д.Р. од Куманово заработи кривична пријава за запуштање и малтретирање на дете.
Според информациите од полицијата, пријавената ја злоупотребила својата родителска положба, па од користољубие и со грубо занемарување на должноста за грижа и воспитување, го запуштила своето дете и го наведувала да питачи.
Како што соопшти МВР, на 10 април 2025 година, Д.Р. го однела детето на Граничниот премин Табановце, каде било затекнато од полициски службеници додека питачи.