МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОСТАНУВА КАЈ ВРЕДИ Не се водат разговори за размена на ресори

Јас кажав дека постои можност, доколку Вреди има некоја нова распределба за друг кадар кој би бил поважен, тогаш тоа би требало да се разговара со Владата. Во моментов не е разговарано, па Министерството за здравство останува кај Вреди, изјави Билал Касами од Беса.

553

По излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше министерското место во Министерството за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај Вреди, јавува репортерот на ТВ21.

Како што рече Касами, досега не се разговарало за размена на ресори, но по заминувањето на Таравари, тие се подготвени да разговараат во тој правец.






– Нема разговори за размена на министерства. Јас дадов изјава дека една од причините зошто го презедовме Министерството за здравство беше затоа што директно Арбен Таравари побара да биде министер за здравство. Секако, кога се прават договори за позиции и одговорности, тие се распределуваат и според капацитетите што ги имаме. Јас кажав дека постои можност, доколку Вреди има некоја нова распределба за друг кадар кој би бил поважен, тогаш тоа би требало да се разговара со Владата. Во моментов не е разговарано, па Министерството за здравство останува кај Вреди – изјави Касами.

Поврзани содржини