СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕТСТАВНИК ГИ РАСПЛКА СИТЕ НА ЕВРОВИЗИЈА Зад песната се крие тешката борба на неговата сопруга

Словенечкиот претставник Клемен донесе нешто толку трогателно, емотивно и интимно на евровизиската сцена што едноставно е невозможно да се остане рамнодушен и да не се пролее солза.

1,268

Словенечкиот претставник Клемен донесе нешто толку трогателно, емотивно и интимно на евровизиската сцена што едноставно е невозможно да се остане рамнодушен и да не се пролее солза.

„Нашиот мал син лазеше низ дневната соба, ја прочита дијагнозата, таму пишуваше дека наскоро ќе умреш. Беше сончев ден, низ прозорецот луѓето одеа по својот пат. Нашето мало дете имаше најголема насмевка, додека ние не можевме ништо друго освен да плачеме.“






Ова се воведните стихови од песната „Колку време ни остана“ (How Much Time Do We Have Left) од словенечкиот водител, комичар и музичар Клемен Слакоња, а текстот и музиката се целосно негово дело, а во песната ја влеал целата своја љубов, страв и грижа што дијагнозата на неговата сопруга им ги донела на неговото мало семејство.

Имено, неговата сопруга, актерката Мојца Фатур, пред неколку години открила дека боледува од редок облик на рак, миелодиспластичен синдром, а по години тешка и исцрпувачка борба, успеала да ја победи болеста.

Таа е силата и инспирацијата на Клемен, а со својот настап на Евровизија го слави нејзиниот живот, нивната љубов, важноста на времето поминато заедно, но исто така ја истакнува и кршливоста на човечкиот живот.

Минималистички настап испрскан со ѕвезди и со впечатливи рефлектори и пеење додека виси наопаку, што симболизира како нивниот живот се свртел за 180 степени по дијагнозата на неговата сопруга, завршува на најемотивниот можен начин – со Мојца што се појавува зад него во романтична долга бела облека.

Прегратки, поглед и бакнежот на сопружниците се дефинитивно најемотивните моменти од овогодинешната Евровизија, кои им донесоа солзи на очите на многу луѓе, но солзи радосници затоа што Клемен и Мојца стојат заедно на сцената, посилни од кога било.

Поврзани содржини