„PRIME CAPITAL POWERED BY ADORA“ ДОБИ АКРЕДИТАЦИЈА ОД „NEW JORK SEC“ Прва инвестициска консултанска компанија со македонски капитал со седиште на Вол Стрит
Компанијата е ко-основана од Душко Чифлиганец и Иван Ивановски — двајца докажани лидери од различни сфери, кои заедно ја обликуваат нејзината стратешка и технолошка насока.
Со отворањето на „Prime Capital powered by Adora“ на Волстрит во Њујорк, македонскиот бизнис доби своја прва институција во самото срце на светските финансии. Ова е првата инвестициска консултантска компанија со македонско потекло и капитал што ја има стекнато престижната акредитација од U.S. Securities and Exchange Commission (SEC) — водечкото регулаторно тело за хартии од вредност во САД. Со тоа, Prime Capital се приклучува кон врвот на глобалните финансиски играчи.
Базирана на Волстрит, компанијата работи со лиценца која овозможува соработка со клиенти ширум целиот свет. Веќе гради активно портфолио и партнерства со инвеститори од Блискиот Исток, Азија и Европа. Во тек е и завршната фаза од подготовките за купување и ребрендирање на постоечки инвестициски фонд во Северна Македонија, со што ќе се овозможи директен и професионален пристап за македонските инвеститори кон глобалните можности.
„Prime Capital powered by Adora“ претставува ново поглавје во приказната на Adora Business Group — една од најуспешните и најдинамични бизнис групации во земјата. Со над една милијарда евра инвестирани во банкарството, енергетиката, недвижностите и финансиските пазари, Adora веќе одамна се позиционираше како синоним на институционалниот и економскиот развој.
Портфолиото на Адора вклучува над 500.000 м2 недвижности, позиција како најголем акционер во Комерцијална Банка Скопје, како и сопственост врз целосното регулирано производство на топлинска енергија за градот Скопје. Дополнително, групацијата има докажано присуство и на домашните и на меѓународните пазари на хартии од вредност, како и сопственички удели во други регионално значајни компании.
Во Prime Capital се спојуваат две силни и комплементарни визии кои стојат зад нејзиниот успех и глобална амбиција.
Компанијата е ко-основана од Душко Чифлиганец и Иван Ивановски — двајца докажани лидери од различни сфери, кои заедно ја обликуваат нејзината стратешка и технолошка насока.
Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Adora Business Group, е етаблиран инвеститор и визионер со повеќе од една деценија искуство во трансформација на бизниси и градење долгорочна вредност. Под негово водство, Adora од градежен лидер прерасна во интернационална групација со стратешки инвестиции во банкарството, недвижностите, енергетиката и глобалните финансиски пазари.
Иван Ивановски, пак, е докажан технолошки инвеститор и претприемач, кој носи глобално искуство и напредна експертиза во високорастечки инвестиции, финтек и вештачка интелигенција. Тој е основач на Venikom, компанија која соработувала со глобални брендови како Heineken, AXN, Nike, T-Mobile, Samsung и други, и добитник на престижната Apple Design Award. Преку неговата едукативна платформа MasterClass.mk, Ивановски досега има обучено над 2.000 студенти, унапредувајќи ја финансиската писменост во регионот. Дополнително, неговата општествена одговорност е докажана преку иницијативата Support Kochani, која помогна на стотици семејства во неговиот роден град.
Prime Capital е независна инвестициска консултантска компанија со јасно дефиниран фокус на стратешки капитал, технолошка експертиза и управување со ризик. Портфолиото опфаќа инвестиции во области како вештачка интелигенција, финтек, енергетска транзиција и одржливи технологии — сектори што ја обликуваат иднината.
Како што истакнуваат од компанијата, Prime Capital не е само нов играч на пазарот, туку визионерска платформа изградена врз искуство, иновација и мисија — да обезбеди стабилен и сигурен раст на капиталот, со високо ниво на доверба и безбедност за инвеститорите.
Според информациите на официјалната веб-страница на компанијата, Prime Capital применува детално осмислена стратегија за распределување на капиталот, обезбедувајќи одржлив и стабилен раст. Средствата се алоцираат стратешки на избрани пазарни нивоа, со што се оптимизира управувањето со ризикот и се зголемува профитабилноста.
Со оваа визија, „Prime Capital powered by Adora“ не е само уште една консултантска компанија. Таа е платформа што ги спојува глобалните пристапи и практики со локалниот потенцијал, создавајќи уникатни и профитабилни можности за инвеститорите од Северна Македонија и пошироко.
Повеќе информации на следниот ЛИНК