ЖИВОТОТ ВИ Е ВО ОПАСНОСТ, ЗАМИНЕТЕ Израелската армија најавува напад врз главниот град на Јемен?

„Ако не го напуштите подрачјето, ги загрозувате своите животи“, објави портпаролот на израелската армија Авичај Адреи на социјалните мрежи.

487

Израелската армија денеска нареди итна евакуација на жителите од околината на Меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана.

„Ако не го напуштите подрачјето, ги загрозувате своите животи“, објави портпаролот на израелската армија, Авичај Адреи, на социјалните мрежи.






Израелската армија вчера бомбардираше објекти на бунтовничкото движење Хути. При нападите врз клучното пристаниште Ходеида на Црвено Море, загина најмалку едно лице, а 35 се повредени.

Хутите соопштија дека имало 6 напади врз пристаништето Ходеида и дека била погодена и цементарница оддалечена 55 километри.

Поврзани содржини