НА СВОЈА РАКА ВРАБОТИЛ 127 ЛИЦА, ИМ ИСПЛАТИЛ 350.000 ЕВРА Пријава за екс-директор на Здравствениот дом во Куманово

Пријавениот без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос констатирано од Државен инспекторат за труд, се вели во полицискиот билтен.

2,191

Поранешен директор на Здравствениот дом Куманово без да го информира Министерството за здравство вработил 127 лица и незаконски им исплатил плати во вредност од 350.000 евра, соопшти СВР Куманово.

„Пријавениот како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, како што денеска соопшти МВР, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос констатирано од Државен инспекторат за труд“, се вели во полицискиот билтен.

 

Поврзани содржини