ЕВРОПА ПАК ВОЈУВА ПРОТИВ РУСИЈА ПОД НАЦИСТИЧКИ ЗНАМИЊА Лавров со остри критики и со паралели со Втората светска војна

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, оцени дека Европа денес отворено го поддржува, како што го нарече, „антирускиот режим на Зеленски“, кој, според него, организира маршеви со факели и испраќа војници со обележја на неонацистички дивизии директно во „мелницата за месо“ на фронтот. Лавров го спореди актуелниот пристап на Западот со операцијата „Незамисливо“ – неуспешниот британски план по Втората светска војна за евентуален вооружен конфликт со СССР – и предупреди дека Европа се заканува со стратешки пораз на Русија на бојното поле.

494

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека речиси цела Европа води војна против Русија под нацистички знамиња.






– Европа сега го поддржува отворено антирускиот режим на Зеленски кој организира факелијади, фрла борци со шеврони од нацистички дивизии на ракавите во мелница за месо и, исто како во операцијата „Незамисливо“, се заканува дека ќе ѝ нанесе стратешки пораз на Русија на бојното поле – рече Лавров на церемонијата на положување венец на спомен-плоча во зградата на Министерството за надворешни работи, пренесуваат руските медиуми.

За Лавров е важно не само да се зачува споменот на хероите од Втората светска војна, „кои ни обезбедија иден и сегашен развој и, сигурен сум, развој за многу децении и векови што доаѓаат, туку и да се потсетиме на дипломатското искуство и лекциите од тие настани“.

– Овие лекции се непроценливи, вклучително и особено во сегашната ситуација, кога речиси цела Европа повторно води војна против нас, под оружје и нацистички знамиња – заклучи Лавров.

РУСИЈА УДРИ ВРЗ ЦИВИЛНА ЦЕЛ ВО ОДЕСА, ИМА ЗАГИНАТИ Харков под оган, над 200 судири низ Украина

Поврзани содржини