ОДЛИЧНА Е СОСТОЈБАТА ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА Мицкоски рече дека ќе се случи средба со Таравари

Владини извори пред неколку дена го повторија ставот дека премиерот Мицкоски ќе се сретне со Таравари по 1 мај. Одговорот на прашањето дали Таравари ќе продолжи да биде министер во Владата, како и неговиот сопартиец Арбен Фетаи, ќе се знае по овие разговори.

444

Состојбата во владината коалиција е одлична, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, за тоа како ја оценува состојбата во владината коалиција.

На прашање дали ќе се сретне со министерот за здравство Арбен Таравари, премиерот потврди.






– Средбата ќе се случи – одговори кратко Мицкоски.

Ова доаѓа откако останувањето на министерот Таравари во Владата е доведено во прашање, по превирањата во коалицијата Вреди, која е еден од коалициските партнери во Владата.

Владини извори пред неколку дена го повторија ставот дека премиерот Мицкоски ќе се сретне со Таравари по 1 мај. Одговорот на прашањето дали Таравари ќе продолжи да биде министер во Владата, како и неговиот сопартиец Арбен Фетаи, ќе се знае по овие разговори.

Крилото на Алијансата на Албанците на Таравари повеќе не е дел од Вреди, откако неодамна партијата реши на локалните избори да настапи со посебни исти за членови на општинските совети.

Поврзани содржини