НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ПОБЕДАТ ВМРО-ДПМНЕ И ГРАЃАНИТЕ Скопје треба да се менува и да добие гас, вели Ѓоргиевски

Доколку ја добијам поддршката од партијата и од претседателот да бидам кандидат за градоначалник на Скопје, со конкретни локации и останати информации ќе ги објаснам проектите што ќе ги понудам пред граѓаните, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

145

Јас и целата јавност сме убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во гостување во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер.

Ѓорѓиевски говореше за претстојните локални и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа не само во Скопје, туку во најголем дел од општините.






Тој додаде дека градот Скопје е потребно да се менува од повеќе аспекти.

– Скопје треба да се менува од повеќе аспекти. Првенствено треба да се обезбеди гасификација во градот. Доколку ја добијам поддршката од партијата и од претседателот да бидам кандидат, со конкретни локации ќе ги објаснам проектите коишто ќе ги понудам пред граѓаните, колкава ќе биде финансиската рамка, рокот на реализација и сè станато – вели Ѓорѓиевски.

Ѕој додаде дека има доста сработено зад себе во изминативе над 3 години во општината Кисела Вода.

– Од една општина каде што немаше основни услови за функционирање, општина во која што во 21 век требаше да се бориме со воспоставување на фекална канализација, водоводна мрежа, општина која немаше ниту еден парк, имаше проблем во секое училиште, немаше спортски сали, имаше над 350 дечиња кои што чекаа да бидат запишани во градинки, што значи еден куп наталожени проблеми. Успеавме да дојдеме до ниво често пати во јавноста нашата општина во моментов да се споменува за пример – рече Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини