📽️ ХЕЈЛИ БИБЕР СТАВИ КРАЈ НА ГЛАСИНИТЕ ЗА РАЗВОД ОД ЏАСТИН БИБЕР Манекенката конечно проговори за својот сопруг
Хејли Бибер (28) ретко зборува за својот сопруг, пејачот Џастин Бибер, но сега одлучи да стави крај на гласините за развод што кружат во последните месеци.
Хејли Бибер (28) ретко зборува за својот сопруг, пејачот Џастин Бибер, но сега одлучи да стави крај на гласините за развод што кружат во последните месеци.
Основачката на брендот „Роуд“ беше прогласена за иноватор на убавината на годинашното на доделувањето на наградите „Дејли фронт роу“ модни награди Лос Анџелес 2025 (Daily Front Row Fashion Los Angeles Awards 2025), каде што му се заблагодари на својот сопруг за неговата поддршка, пишува „Пејџ сикс“.
Манекенка се качи на сцената во елегантен син фустан без прерамки и црни чевли, а по говорот го пофали Џастин за неговата поддршка во развојот на нејзиниот бренд.
@accesshollywood #HaileyBieber accepted the award for Beauty Innovator and gave hubby #JustinBieber ♬ original sound – Access Hollywood
Откако го опиша „Роуд“ како „чувство, начин на живот, место и свет отворен за сите што се наоѓаат во него“, Хејли рече за својот сопруг.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот сопруг што го поддржуваше овој мој сон од самиот почеток и што секогаш ме бодреше. Ти благодарам“, рече манекенката.
Хејли, исто така, им се заблагодари на своите пријатели кои биле нејзини „најголеми обожаватели“, како и на „неверојатните клиенти“ на нејзиниот бренд.
View this post on Instagram
Коментарот на Хејли за Џастин дојде само неколку часа откако пејачот одговори на шпекулациите за нивниот брак.
Тој објави на социјалните мрежи:
„Искрено, да бев на твое место, ќе бев љубоморен на мене и на Хејли што го живееме животот до максимум. Одлично ни оди и разбирам зошто тоа е тешко за некои луѓе.“
Иако често изразува незадоволство од папараците што го следат, Џастин нагласи дека нема намера да го напушти Лос Анџелес.