📽️ ВО ЧАИР ЛЕТАА БОКСОВИ НА СИТЕ СТРАНИ Масовна тепачка откако Вардар славеше над Шкупи

По завршувањето на мечот, кој заврши со победа на Вардар, тензиите експлодираа – прво со вербална расправија меѓу стручните штабови, која брзо прерасна во физички судир, објави Екипа.

2,893

Масовна тепачка меѓу членовите на Вардар и Шкупи го обележа крајот на натпреварот во плеј-аутот од Првата македонска кошаркарска лига што се одигра во Чаир.

По завршувањето на мечот, кој заврши со победа на Вардар, тензиите експлодираа – прво со вербална расправија меѓу стручните штабови, која брзо прерасна во физички судир, објави Екипа.






Инцидентот за момент се прошири на целиот терен, откако се вклучија и останатите актери од двата табора. За среќа, ситуацијата беше брзо ставена под контрола, а тепачката заврши без потешки последици.

Во сенка на овој инцидент, кошаркарите на Вардар ја забележаа својата прва победа сезонава во плеј-аутот, триумфирајќи во драматична завршница над Шкупи со 87-85. Христијан Настовски беше херојот на „црвено-црните“, погодувајќи решавачки поени во последните секунди од средбата.

Поврзани содржини