ОСТАНА БЕЗ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ЗАРАДИ ТУЃ КРИМИНАЛ Некој му ги искористил податоците од изгубената лична карта и наплатил добивка во негово име
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 15 март 2024 година, првопријавениот Д.И., кој бил вработен во правен субјект од Скопје, заедно со К.К., управител на истиот правен субјект, ги злоупотребиле личните податоци на лице од Тетово кое претходно ја изгубило личната карта.
Жител на Тетово останал без правото на социјална сигурност за стари лица откако бил злоупотребен неговиот идентитет. Без да знае, некој ги употребил неговите лични податоци од изгубената лична карта и исплатил добивка од речиси 5.000 денари во правен субјект во Скопје. Поради тоа социјалната служба му го укина правото на помош, сметајќи дека остварил приход.
Полицијата открила дека зад овој срамен потег стојат 22-годишниот Д.И. од Тетово и 38-годишниот К.К. од Скопје, кои добија кривични пријави за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење во службата. Д.И. бил вработен во правниот субјект кој ја извршил исплатата, а К.К. е негов управител.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, на 15 март 2024 година, првопријавениот Д.И., кој бил вработен во правен субјект од Скопје, заедно со К.К., управител на истиот правен субјект, ги злоупотребиле личните податоци на лице од Тетово кое претходно ја изгубило личната карта.
„Со податоците од изгубената лична карта тие извршиле исплата на добивка од 4.800 денари во правниот субјект“, информира МВР.
Но, вистинската жртва од случајот претрпела далекусежни последици. Во август истото лице добило решение од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово за престанок на правото на социјална сигурност за стари лица – најверојатно поради наводна исплата на приход што не ги остварил.