ЌЕ СЕ ИЗДАВА ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 700 МИЛИОНИ ЕВРА, ЗА ДА СЕ ПЛАТИ СТАРАТА Димитриеска-Кочоска ја најавува на почетокот на следната година

Ова прашање ќе биде разговарано со меѓународните финансиски институции и инвеститори во Вашингтон на пролетната средба на ММФ и Светска банка на која ќе учествува и министерката за финансии. 

179

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека се планира издавање на еврообврзница во износ од 700 милиони евра на почетокот на следната година бидејќи доспева за враќање претходно издадената обврзница на истиот износ.

Ова прашање ќе биде разговарано со меѓународните финансиски институции и инвеститори во Вашингтон каде што учествува на пролетната средба на ММФ и Светска банка.






-Во Вашингтон ќе разговараме со меѓународните финансиски институции и инвеститорите за состојбите во економијата. Важно е да одржуваме редовни состаноци, затоа што на почетокот на 2026 година очекуваме издавање еврообврзница од најмалку 700 милиони евра, затоа што доспева за враќање претходно издадена еврообврзница на износ од 700 милиони евра. И ваквата постојана комуникација со меѓународните институции е важна да покажеме дека работиме посветено што влијае на висината на каматата – изјави Димитриеска-Кочоска  за Македонската телевизија.

Покрај ова, ќе се разговара и за состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварување на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата.

Таа тврди дека  проекцијата за раст на економијата од 3,7% нема да се ревидира, а тоа го темели на она што се работи и дека тоа ќе биде презентирано и на состаноците со претставниците на ММФ и Светска банка.

Во однос на инфлацијата наведе дека исто така се преземаат мерки и дека на еден среден рок ќе има стабилизирање.

Димитриеска-Кочоска  очекува поддршка од Светска банка во однос на спроведување на дигитализација на процесите во Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, како и поддршка од Трезорот на САД преку експертиза за забрзана имплементација на тие процеси.

Во одговор на прашање во врска со исплатата на платата на вработените во институциите од секторот култура, рече дека тоа ќе биде направено во оној момент кога платата ќе биде пресметана согласно закон.

– Инсистирам од првиот ден пресметките да ги направат согласно општиот и посебниот колективен договор и во оној момент кога ќе се пресметаат согласно закон ќе бидат исплатени. Преку буџетот 90000 лица земаат плати и немало проблем и истите закони важат и за вработените во секторот култура и тие треба да се почитуваат- рече министерката, додавајќи дека прашањето со исплата на платите кај инспекторатите е поради неусогласено со посебните закони.

 

Поврзани содржини