ММФ ПРЕДВИДУВА РАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОД 3,2% Инфлацијата ќе изнесува 3,4%

Во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8% оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3%.

53

Раст на македонската економија од 3,2% за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4%, а следната година 2,2%.

Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5%, Албанија, 3,8%, Косово, 4%, Црна Гора, 3,2%, БиХ, 2,8%.






ММФ во најновиот извештај ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“.

Во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8% оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3%.

Во САД се очекува раст од 1,8%, кој според претходната процена изнесуваше 2,7%. Намалена е и прогнозата за раст за Велика Британија од претходните 1,6 на 1,1%.

Поврзани содржини